Одморот заврши: Меси се врати на тренинзите на ПСЖ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лионел Меси, кој со Аргентина го освои Светското првенство во Катар во декември, во средата се врати во тренинг центарот на Пари Сен Жермен, соопшти парискиот клуб.

Седумкратниот освојувач на Златната топка го напушти родниот град Росарио во понеделникот вечерта со своето семејство и слета на аеродромот Ле Бурже северно од Париз во вторникот.

По грандиозните свечености по неговата титула на Светското првенство со Албиселесте, аргентинскиот напаѓач ги искористи неколкуте слободни денови со семејството пред да им се придружи на соиграчите во парискиот клуб.

На полигонот лоциран во Сент Жермен-ан-Леј (Ивелин), тој беше пречекан од почесна гарда на присутните играчи, пред да добие мал трофеј од рацете на фудбалскиот советник на ПСЖ, Луис Кампос.

Меси беше последниот од играчите на ПСЖ кои учествуваа на СП во Катра, кој се врати на тренинзите. Килијан Мбапе, неговиот противник во финалето на Светското првенство, како и Мароканецот Ахраф Хакими, четврти во Катар, се вратија на 21 декември, само три дена по завршувањето на првенството.

Парижаните играат натпревар од Купот на Франција во Шатору во петок, веројатно без Меси, кој веројатно би можел да се врати на теренот во осминафиналето на францускиот шампионат против Анже следната среда.

 

Share This Article