More

    Одлуката за покачување била донесена во време на избори

    spot_img

    Вкупно 129 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) кои биле унапредени и добиле зголемени плати со незаконска одлука и акти на поранешната директорка Сања Лукаревска донесени во изборен процес и на ден пред заминување од функцијата, ќе треба да ја вратат разликата во платите од почетокот на годината до сега, бидејќи ќе треба да бидат вратени на позициите на кои биле пред одлуката. Финансиската штета од тоа изнесува околу 18 милиони денари.

    Овие вработени биле административни службеници, но во текот на изборниот процес потпишале незаконски договори со кои станале даночни службеници. Одлуката и актите за потпишувањето на договорите била колективна и незаконска, констатирал Државниот инспекторат за труд (ДИТ) кој извршил проверки откако е назначена новата директорка на УЈП Елена Петрова.

    ДИТ поради тоа и наложил на Петрова да ги поништи овие договори. Финансиската штета од целата оваа ситуација изнесува околу 18 милиони денари.

    За хаосот кој е направен во УЈП по инспекциите на Државниот инспекторат за труд и по мислењето на  Антикорупциската комисија  денеска информираше директорката на УЈП, Елена Петрова

    Петрова рече дека сега вработените се доведени во независна положба, а таа заедно со синдикатите бараат законско решение на проблемот кое нема да има и големи последици врз вработените.

    – Бараме најсоодветно решение со синдикатите, а една од опциите е потпишување нов колективен договор или анекс на веќе постојниот, за што се разговарало и со синдикалните здруженија – рече таа.

    Како што објасни Петрова, Државниот инспекторат за труд дека е незаонита колективната одлука за прекинување на старите договори за вработување со кои претходната директорка ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат со работат до склучувањето на нови договори според новите интерни правилници.

    –  ДИТ донесе Решение со кое наложи на УЈП да ја поништи незаконитата Одлука. Од друга страна, ДКСК констатира повреда на изборниот процес. Во моментов, јас сум соочена и треба да ја извршам наредбата на трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништувањето на Одлуката, што практично значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишување на изборите, што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисоки плата со промена на нивниот статус – појасни Петрова.

    Таа вели дека состојбата се искомлицирала поради тоа што одлуките се донесени во изборен период, бидејќи се доцнело со донесувањето на актите во УЈП со кои требало да се применат измените на законот за Управата за јавни приходи.

    – Оваа ситуација можела и да се избегне доколку сите овие секако задоцнети процеси се спроведувале во законскиот рок. Имено, согласно измените на ЗУЈП, актите на УЈП требало да бидат донесени во законски рок до 3 ноември 2023 година, а се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година, во пресрет на изборниот период. Согласноста од Министерството за информатичко општество и администрација за овие правилници била издадена врз основа своевидна „манипулација” и вметнување на работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Уште повеќе, согласноста е издадена истиот ден 9 февруари кога министерот, кој ја потпишал, бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна „дамка” на целиот процес – вели Петова.

    Таа додава дека владеењето на правото и спроведувањето на законите е врвен императив во постапувањето на државните органи, но  тоа не се случило.

    па целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата  ја изгуби својата смисла и добра намера.

    – Токму поради лошото управување, ненавремено постапување надвор од законските рокови, а потоа непромислено и избрзано постапување, формални и правни неправилности и незаконитости – вели директорката на УЈП.

    Таа додава дека владеењето на правото и спроведувањето на законите е врвен императив во постапувањето на државните органи.

    – Целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата ја изгуби својата смисла и добра намера, токму заради лошото управување, ненавремено постапување надвор од законските рокови, а потоа непромислено и избрзано постапување, формални и правни неправилности и незаконитости – вели Петрова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img