Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Ермедин Демировиќ пружа навистина одлични партии оваа сезона во дресот на германски Аугсбург.
На почетокот на минатата сезона тој реши да го замени дресот на Фрајбург со оној на Аугсбург и таа одлука се покажа како фантастична.
Минатата сезона ја заврши со 8 гола и 6 асистенции, а сега веќе го израмни тој учинок.
Демировиќ оваа сезона во Бундеслигата на 15 натпревари постигна 8 гола и забележа 5 асистенции.
Одличните игри не останаа незабележани, па Демировиќ е најкорисен играч на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина по најновото ажурирање на специјализираниот фудбалски сајт „Трансфермаркт“.
Напаѓачот на Аугсбург ја дели лидерската позиција со Анел Ахмедхоџиќ и Амар Дедиќ, а сега имаат пазарна вредност од по 20 милиони евра.
Голема иднина на Демировиќ предвиде сигурниот новинар Фабрицио Романо, кој во иднина го гледа во еден од големите клубови.
Интерес за услугите на 25-годишниот напаѓач покажа Борусија Дортмунд.