More

    Одиме на Светско првенство во Вараждин – ова се противниците

    spot_img

    Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва со жрепка во Загреб го одреди составот на групите за Светското првенство во 2025 на кое македонската репрезентација во првата фаза ќе игра против Холандија, Унгарија и дебитантот Гвинеја.

    Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се дел од групата Д во која натпреварите ќе се играат во Вараждин.

    Жрепката одлучи македонските ракометари да се вратат во хрватскиот град во кој ги одиграа натпреварите од главната фаза на Мундијалот на кој Хрватска беше домаќин во 2018 година.

    Светското ракометно првенство за мажи, 29 по ред, ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година во Хрватска (Вараждин, Пореч, Загреб), Данска (Хернинг) и Норвешка (Осло).

    СП 2025 ќе биде прво историјата кое заеднички ќе го организираат три држави. Данска ќе биде домаќин по трет пат, Хрватска по втор пат, а Норвешка прв пат ќе биде во улога на домаќин на машкиот ракометен Мундијал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img