More

    ОДИ ЗАПРИ ГИ АЛБАНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА АКО ИЗБИЕ ВОЈНА НА КОСОВО Може ли конфликтот да се прелее и кај нас?

    spot_img

    Зголемете го обезбедувањето на границата со Косово, оти ако се влошат односите помеѓу Приштина и Белград, тогаш ќе биде многу тешко да се спречат македонските граѓани од албанска националност самоволно да ја преминат границата и доброволно да учествуваат во евентуалниот воен конфликт што би избувнал во соседството, предупредува пензионираниот армиски полковник и актуелен претседател на Балканскиот форум за безбедност, д-р Благоја Марковски.

    Тој во разговор за Плусинфо вели дека Македонија засега не треба да биде загрижена, но дека треба да биде крајно претпазлива кога станува збор за кризата на Косово.

    Безбедносните служби мора будно да ги следат состојбите на Косово, а потребно е да се зајакне и граничното обезбедување доколку и натаму постојат тензии слични на вчерашната пукотница во Зубин Поток.

    Благоја МарковскиБезбедносен експерт

    – Тензијата во моментов се случува во непосредна близина на косовско-македонската граница и многу лесно може да се прелее на наша територија, особено ако во конфликтот се вклучат македонски граѓани од албанска националност. Безбедносните служби мора будно да ги следат состојбите на Косово, а потребно е да се зајакне и граничното обезбедување доколку и натаму постојат тензии слични на вчерашната пукотница во Зубин Поток. Не смееме да дозволиме кризата да се прелее од оваа страна на границата. Оти, ако дојде до некаква поголема ескалација, тогаш во конфликтот најверојатно ќе има самостојно вклучување на македонски граѓани од албанска националност. Мора да се зајакнат мерките на претпазливост, особено на границата со Косово – предупредува Марковски.

    Од друга страна, пак, тој не верува дека ќе се случи ескалација на состојбата на Косово, бидејќи, како што вели, сите се ставени во ситуација да размислуваат како да се надмине кризата.

    – Нормално е во една ваква ситуација да се подигне тензијата, особено од српска страна, меѓутоа, сѐ што досега се случуваше на северот на Косово претставуваше само превентивна закана. Очекувам дека за многу брзо време ќе дојде до активирање на тие мировни договори, така што, не очекувам натамошна ескалација, туку поголемо ангажирање на КФОР и на Брисел, но и на Србија. Во поглед на вчерашните пукотници во Зубин Поток, јас не можев да дознам кој точно пукаше, но факт е дека косовските власти изјавија дека Србите пукаат кон припадниците на КФОР, додека, пак, припадниците на КФОР изјавија дека никој не пукал врз нив – изјави Марковски.

    Националниот координатор за гранично управување и поранешен шеф на военото разузнавање, Владимир Пивоваров, тврди дека преземени се сите безбедносни мерки на границата со Косово и на македонските граѓани им порачува слободно да дишат.

    – Македонските безбедносни служби не смеат да спијат ни секунда додека трае тензијата на Косово, а ако веќе решиле да дремнат, тогаш тоа да го сторат со отворени очи. Преземени се сите мерки и зајакната е безбедноста на границата со Косово. Ние сме професионалци и не оставаме на случајноста. Службите си ја знаат работата, запазени се сите протоколи, па на граѓаните не им останува ништо друго освен да се чувствуваат безбедни. Меѓутоа, за волја на вистината, прелевањето на конфликтот од една територија на друга понекогаш се случува во секунда. Ние имаме совршена соработка со Косово во поглед на мешовитите гранични пaтроли. Постојано си разменуваме информации за состојбата од терен и можам да кажам дека сме многу искрени едни кон други – вели Пивоваров.

    Искуствата ни покажуваат, додава тој, дека сите земји на Балканот се како врзани садови.

    – Се сеќавате ли како започна војната во 1990-те? Конфликтот започна во една држава, па се префрли во друга, па ги зафати покраините, и на крај сите држави од тогашната СФРЈ. Значи, Балканот е лесно заппалив и лесно податлив на можни конфликти. Ако на едно место има конфликт, веднаш се испраќа сигнал и на другите места. Такво нешто, впрочем, ни се случи и нам. Најпрво се случи конфликт на Косово во 1999 година, а две години подоцна, во 2001 година, конфликтот се префрли на наша територија – вели Пивоваров.

    Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за косовските медиуми потврди дека вчера се слушнале и виделе истрели во близина на една од нејзините патроли во Зубин Поток, една од четирите општини населени со мнозинско српско население во северно Косово.

    Тие рекоа и дека нема повредени ниту е причинета материјална штета и дека се работи на утврдување на фактите на случајот.

    Пендаровски се крсти во НАТО

    На прашањето дали има потенцијал кризата од северот на Косово да се прелее во регионот, претседателот Стево Пендаровски пред десетина дена одговори дека добил уверување од командантот на мисијата на НАТО во Косово дека нема да се случи прелевање на кризата надвор од границите.

    – Си постои мисија на НАТО каде што во последните 2 години нашата земја има испратено 65 војници заедно со уште дваесетина нации кои партиципираат во мисијата. Во разговор со командантот на мисијата добив уверување дека нема да се случи ескалација од било која страна. Затоа, не гледам причина да се паничи народот и да го свикувам Советот за безбедност. Таму е активна мисија на НАТО која ги има сите овластувања и двете страни од тој потенцијален спор ја почитуваат мисијата – рече Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img