Одбранбените сили на Израел тврдат дека тројца израелски заложници во Газа по грешка биле идентификувани како закана и убиени.
– За време на борбите во Шеџаја во северниот дел на Газа, ИДФ по грешка идентификуваше тројца израелски заложници како закана. Како резултат на тоа, војниците пукаа кон нив и тие беа убиени – изјави портпаролот на ИДФ Даниел Хагари на денешниот брифинг.
„За време на претресите и проверките во областа каде што се случи инцидентот, се појавија сомнежи за идентитетот на починатите лица. Нивните тела беа пренесени на израелска територија за испитување, по што беше потврдено дека станува збор за тројца израелски заложници“, додаде тој. ,објави Си-Ен-Ен.
Израелците велат дека го истражуваат инцидентот
Објавени се и имињата на двајцата убиени заложници: Јотам Хаим, киднапиран од Кибуц Кфар Аз; Самер Талалка, киднапиран од Кибуц Нир Ам. Семејството на третиот убиен заложник не сакаше да се објави неговото име. Хагари нагласи дека ИДФ веднаш почнала да го истражува инцидентот.
Министерот за воен кабинет Бени Ганц напиша на X дека му е „скршено срцето“ од веста дека војниците по грешка убиле тројца заложници.
„Одговорноста е да се победи оваа војна, а дел од таа победа ќе биде и враќањето на заложниците дома. Ќе направиме се што можеме за да ги вратиме живи“, напиша тој.