Одбиено барањето на мајката на Вања процесот да се води зад затворени врати

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Судот не го прифати предлогот на мајката на убиената Вања Ѓорчевска, јавноста да биде исклучена од судењето за смртта на нејзината ќерка.

Јавната обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска пред воведните зборови поднесе предлог за исклучување на јавноста од целата главна расправа.

Од страна на полномошникот на оштетената Зорица и сестрата на Вања Ѓорчевска поднесено било барање до Обвинителството за исклучување на јавноста од целата јавна расправа имајќи ги предвид, силното медиумско известување, кое медиумско известување придонесло кон продлабочување на болката и стравот кај мајката и сестрата на Вања.

Како докази за тоа доставила дека медиумското известување ја продолжувало болката на Зорица Ѓорчевска, а ОЈО до Судскиот совет доставило психијатриски наоди за пост трауматско стресно растројство.

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ рече дека одлуката за исклучување на јавноста ја остава на судот но таа да биде водена од јавниот интерес и од интересот на таткото кој е оштетен и жртва.

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо исто така се противеше јавноста да биде исклучена освен можеби на дел од постапката.

Љупчо Палевски рече дека дека се противи да се затвори постапката за јавноста, но истакна дека нема да бара да сведочи мајката Зорица за да не се вознемирува.

Share This Article