Одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на данокот на менструалните производи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иако пратеничките од СДСМ често знаат да кажат дека се борат за жените, вчера го послушаа министерот за финансии и го одбија предлог амандманот поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија за намлување на ДДВ-то за менструалните производи, изјави денеска Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со првиот од амандманите се бараше намалување на ДДВ од 18% на 5% за менструалните производи т.е. влошки, тампони и за менструални чашки. Овие производи треба да се оданочат на исто ниво како фармацевтските производи зашто претставуваат здравствена неопходност, а управувањето со менструалното здравје е едно од основните човекови права. Доколку амандманот беше прифатен ќе им се помогнеше на 400 000 жени во репродуктивен период кои заедно трошат годишно и над 100 милиони денари за оваа намена. Намалениот прилив по основ на ДДВ е незначителен споредено со можноста да се обезбеди еднаков пристап на сите жени до менструалните производи и со тоа да се подобрат нивниот живот и здравје. Би се ублажила женската сиромаштија и би се подобрила социо-економската положба на жените и на девојчињата. Девојчињата на училишна возраст непречено ќе учествуваат во својот образовен процес. Ќе се намали бројот на вагинални инфекции кај жените и кај девојчињата, а со тоа и трошоците на државата за третирање на потенцијални инфекции и болести – рече Ласовска.

На првиот ден од амандманската расправа за Буџетот за 2023 година беа разгледани само три амандмани и тие беа одбиени од власта. Останатите два одбиени амандмани се однесуваа на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се одложи прогресивното оданочување за уште една година и да се намалат акцизите на течните горива.

– Би сакала да информирам за една трагикомична ситуација во која пратениците од власта нѐ убедуваа дека со Буџетот за 2023 година не е предвидена даночна реформа, ниту пак во колкав обем ќе биде. Со денови Лукаревска наведува дека ќе се зголеми ДДВ-то од 5 на 18% за одредени производи, а листата се крие, никој не ја знае. Бектеши се фали дека после Нова година цената на струјата нема да се зголеми, туку ДДВ-то ќе се зголеми од 5 на 10%. Бесими вели дека има закон со кој почнува прогресивното оданочување. Колегите од мнозинството ниту знаат што зборуваат, ниту знаат што гласаат, ниту некој во партија ги смета за битни да ги извести што се планира – додаде Ласовска.

Share This Article