More

    Одбележување на 10 октомври – Ден на менталното здравје

    spot_img

    Денеска кога светот го одбележува Денот на Менталното здравје – 10 октомври, важно е да размислиме за нашата ментална благосостојба и за значењето на отворените разговори за оваа тема. Менталното здравје е еднакво важно за нашата добросостојба како и физичкото здравје. Тоа е состојба во која се чувствуваме добро, функционираме нормално и се справуваме со предизвиците во животот.
    Луѓето кои се соочуваат со проблеми во менталното здравје често се чувствуваат сами и несигурни. Стигмата околу менталните нарушувања може да ги спречи да побараат помош. Затоа е важно да создадеме средина каде што сите ќе можат слободно да зборуваат за своите чувства. На овој ден, поттикнуваме сите да размислат за своето ментално здравје и да се информираат за ресурсите кои можат да помогнат.
    По повод 10. октомври, Денот на менталното здравје, ХЕРА Млади организира филмска проекција на филмот Manchester by the Sea, проследена со дискусија која ќе им овозможи на присутните да споделат свои искуства, да зборуваат на теми поврзани со менталното здравје и да се поддржат едни со други.
    За младите момчиња и мажи, ХЕРА нуди Центар за поддршка и советување, кој е тука за да помогне во справувањето со предизвиците. Ве охрабруваме да го искористите овој сервис и да се грижите за своето ментално здравје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img