More

    ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПЌАНИ

    spot_img

    Со средба на претставниците на египќаните од Македонија, Албанија и Косово, денес во Охрид се одбелжува 24 јуни – Денот на Балканските египќани. Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со претставниците на египќаните, меѓу кои присуствуваше и Елберт Красниќи, министер за локална самоуправа во Косово.

    Градоначалникот Пецаков, истакна дека како локална самоуправа, Охрид има преземено многу работи, со кои недвосмислено се покажува дека нашите сограѓани египќани, се нераскинлив дел од заедничкото живеење во Охрид, со сите други етнички заедници. Верувам дека и како држава ќе продолжиме да ги унапредуваме правата на египќаните во заедничкиот дом – Македонија, за заедно да градиме просперитетна заедница за сите граѓани –истакна Пецаков.

    Според здруженијата на египѓаните од Албанија и Косово, нивниот број е далеку поголем од официјалните пописни резултати во овие земји. Па така, во моментв во Косово живеат околу 20 илјади, а во Албанија над 200 илјади египќани. Претставниците на оваа заедница во Косово имаат едно загарантирано пратеничко место во Косовскиот парламент, а во Албанија во моментов се во фаза на формирање на политичка партија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img