Со осветлување на зградата на Општина Охрид во сина боја, Општина Охрид се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам.
Околу 1% од светската популација се лица со аутистичен спектар на нарушувања. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европска Унија и околу 15 до 20 000 лица во Република Македонија имаат аутистичен спектар на нарушувања.
Со резолуција на Генералното обрание на Обединетите нации од 2007 година, 2 Април се одбележува како Меѓународен ден на аутизмот.
Во рамки на надлежностите и можностите, Општина Охрид, финансиски и материјално ги поддржува организациите кои работат со овие лица.