За денеска се најавува пад на дневната температура за 3 до 6 степени во однос на вчерашната. Во вторник и среда ќе има локално зголемување на облачноста со услови за појава на краткотраен дожд. Денеска и особено во вторник вдолж Повардарието ќе засилува северозападен ветер, соопшти УХМР.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.