More

    Од Вреди велат дека со 100 милиони евра ќе се разубават албанските населби

    spot_img

    Градоначалниците на ДУИ можат да конкурираат со проекти, а ние од Вреди нема да ги дискриминираме. Подготвени сме да ја вршиме и нивната работа, соопштија од коалицијата Вреди откако Владата соопшти дека е објавен повик до општините за инфраструктурни проекти.

    „Додека Недемократската унија за дезинтеграција (НУД) – ДУИ продолжува да тоне во лаги и во секојдневни манипулации, коалицијата Вреди, во рамките на Владата, ја презема одговорноста да донесе конкретни проекти и одржлив развој за Албанците во земјава. По историската инвестиција од 34,5 милиони евра за кампусот на Универзитетот ‘Мајка Тереза’, сега е објавен јавен повик од 100 милиони евра, од кои значителен дел ќе се фокусира на инвестиции за подобрување на инфраструктурата во албанските населби. 22-годишното владеење на ДУИ остави пустош, а проблемите кои сè уште го спречуваат граѓанинот да развие нормален живот се безброј.

    Поради оваа причина, коалицијата Вреди, преку јавниот повик од 100 милиони евра, има за цел да обезбеди праведен и регионален развој, решавајќи ги еднаш засекогаш инфраструктурните капитални предизвици што го блокираат напредокот. Оваа интервентна програма не е само ветување, таа е конкретен одговор на основните проблеми на нашите граѓани и отвора пат за посветла и попредвидлива иднина за сите.

    Додека ДУИ продолжува да се фали со лажен патриотизам и да избегнува одговорност за својата огромна корупција, Вреди е тука да го спроведе она што тие никогаш не го направија – вистинска децентрализација.

    Ние сме тука за да реализираме вистинска работа за доброто на граѓаните! Преминуваме на дела – почнува реализацијата на првата буџетска програма од 100 милиони евра за општините до крајот на 2024. Градоначалниците на ДУИ можат да конкурираат со проекти, а ние од Вреди нема да ги дискриминираме. Подготвени сме да ја вршиме и нивната работа“, се наведува во соопштението на коалицијата Вреди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img