Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа се случува бидејќи не се укина техничката влада

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

СДСМ и Димитар Ковачевски целосно ја уништија Македонија. Со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според партијата уште еднаш на дело се покажа и докажа дека ДУИ е власт, а СДСМ подизведувач.

„Како (Али) Ахмети им свири, така  Ковачевски и СДС играат. Ковачевски само за да опстои уште некој месец, спремен е се да им отстапи на ДУИ и Ахмети и тоа на штета на македонскиот народ“, се наведува во сооштението.

Оттаму констатираат дека СДС и Ковачевски не го прифаќаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер.

„Криминалците од ДУИ целосно го преземаа управувањето со државата, затоа и во  Македонија цвета криминалот и корупцијата. Џафери или командант Форина во 2001 година дезертирал од македонската Армија и преминува во УЧК. А јавноста е сведок и на низа прекршувања на собраниски процедури од страна на Џафери, како употреба на европското знаменце на закони кои немаа врска со европската регулатива, само имаа врска со криминалиите на ДУИ, заклучување на вратите на пленарната сала за да не можат другите пратеници да се пријават за дискусија за дневниот ред, како и недоличното однесување и навредување кон собраниските службеници.

На Македонија и се случува ДУИзација, а Ковачевски е директно одговорен за тоа. Има ли некој од СДС што му останало барем грам достоинство за веднаш да му се спротивстави на Ковачевски?“ се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека поради ваквото однесување на СДСМ треба да биде поразена на следните избори.

Share This Article