More

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ ја дала државата на поклон

    spot_img

    Талат Џафери стана премиер поради слабата СДСМ која за да владее на поклон ја даде државата на ДУИ, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

    „СДС за да владее на поклон и ја даде државата на ДУИ и во намерата да си ги сочуваат фотелјите плаќаат скапа цена кај нивните газди во ДУИ. Цената ја гледаме и денес изразена во Талат Џафери премиер. Од друга страна нивните надежи се дека ДУИ на СДС ќе и ги собира албанските партии во коалиција, и од Косово ќе се диктира овој процес за СДС да го ублажи својот дебакл. Тоа така не оди. Јасно е што правите“, се вели во написот и се додава:

    Талат Џафери е човек кој доаѓа од партија во која на сите челници устите им се полни со европски вредности, но чии постапки покажуваат само како се кршат истите. Оттука од Талат Џафери единствено може да се очекува и да се мисли дека само може полошо.

    Поради ваквите лоши практики и политики на кои сите сведочеа седум години, може да се каже дека подобро и поинаку може да биде само по 8 мај, односно по изборите. На 8 мај граѓаните ќе стават крај на лошите политики кои ги гледаме од СДС и ДУИ. Во Македонија никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img