More

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Ковачевски 8 месеци лаже дека ќе ги намали платите на функционерите

    spot_img

    Од април месец до сега, платите на функционерите се покачени за 78%, во време кога близу 600.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 80.000 граѓани живеат во екстремна сиромаштија. Во овој период владата ги лаже граѓаните дека ќе им ги намали платите на функционерите, реагира ВМРО-ДПМНЕ

    „Од април месец па до сега (Димитар) Ковачевски и неговата влада ги лажат граѓаните. Прво лажеа дека платите на функционерите нема да се покачат 78%,  па потоа дека ќе предложат закон за кратење на платите, па дека има работна група, па дека за недела две експертите во владата ќе предложат законско решение за намалување на платите, за на крај сега да каже Ковачевски, без око да му трепне, дека нема да се кратат платите на функционерите“, се вели во реалцијата.

    Пресметката на партијата е дека годишно само зголемувањето на платите на функционерите ја чини државата 20 милиони евра кои можеа да им се дадат на пензионерите, сиромашните, да се купат лекови за болните и слично.

    „Годишно само износот за зголемувањето на платите на функционерите е речиси 20 милиони евра, а во исто време оваа лицемерна власт им вели на пензионерите дека нема пари за линеарно покачување на пензиите, за учениците нема учебници, за пациентите со ретки болести нема лекови, за здравствените работници нема поголеми плати, за земјоделците нема поддршка… за никој друг во Македонија нема пари, само за повисоки плати на функционерите има“, се додава во реакцијата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека 8 месеци премиеот ги лаже граѓаните.

    „Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам”. Граѓаните изјавите на овој човек и комплетната негова влада, треба да ги земаат со огромна резерва. Се работи за крајно лицемерна екипа која лаже, краде и има милиони на сметките. Ковачевски без срам ги манипулираше граѓаните 8 месеци и ветуваше кратење на функционерските плати во стилот „ако не овој понеделник, наредниот петок сигурно” и пак ништо не направи. Се што фати исуши, се што вети излажа.Народот ќе ги казни и Ковачевски и СДС и ДУИ за безмилосното лажење, крадење и осиромашување на народот и на државата. Народот ќе ги порамни сметките со оваа влада на демократски начин на избори. Од тоа бегање нема“, се наведува во реакцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img