МВР за два дена го промени ставот за убиството на ракометарот Даниел Тот. Од првичното соопштение нема траги на насилство до тоа дека е убиен со нанесување на физички смртоносни удари во пределот на главата. Различните ставови наметнуваат дилема дали МВР сака да сокрие убиство, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како МВР во првичниот извештај утврди дека нема трагин на насилство врз младиот ракометар? Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство? Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски?“, додаваат од паеријата.
Хрватскиот ракометар во текот на вчерашниот ден им подлегна на здобиените повреди.