Каматата на кредитот од Унгарија за Македонија кој го обезбеди владата е дупло пониска од онаа за еврообврзницата која ја обезбедија СДСМ и ДУИ, му одговори ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ за обвинувањата дека со новиот кредит јавниот долг ќе се зголеми на 65 отсто.
„Минатата година владата на СДСМ и ДУИ обезбеди евро обврзница од 500 милиони евра со каматна стапка од 7%. Парите обезбедени од Унгарија се со каматна стапка од 3.25% или повеќе од половина помалку од таа обезбедена од Владата на СДСМ и ДУИ.
Година ипол по еврообврзницата на СДСМ, државата нема ништо направено, парите отидоа во приватни џебови. Додека половина милијарда од Унгарија, половина ќе бидат за кредити за компании и за стопанството, другата половина за општински капитални проекти и развој на локалната самоуправа.
СДСМ вели дека е загрижена дека ќе се зголеми јавниот долг над 65 проценти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е со стаж од помалку од еден месец, што значи дека СДСМ јавно призна дека поради неодговорното и криминално владеење на Заев, мали Заев и неврохирург на СДСМ Венко Филипче долгот го зголемиле до енормни граници. Разликата е што сега овие пари ќе се трошат одговорно и домаќински, наместо на сомнителни тендери завршувајќи во приватни џебови“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.