More

    Од ВМРО-ДПМНЕ имаат пет барања во врска со провокациите од Бугарија

    spot_img

    Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска побара власта да ги испита наводите на претседателот Стево Пендаровски дека странски агентури се вмешани во провокацииите кон Македонија и истовремено да открие кој ги финансира бугарските клубови во земјата.

    Во продолжение се петте барања кои ВМРО-ДПМНЕ ги упати кон Владата во нивното соопштение:

    „Бараме неколку работи:

    Првата работа, државата сериозно да ги преиспита наводите кои и самиот Пендаровски ги кажа дека здруженија, фондации, поединци и агентурни мрежи од странски држави се вмешани во креирањето на сите овие проблеми кои што се случуваат во државата и провокации со директно негирање на Македонија и македонскиот народ. И за истите да се излезе со детален извештај со кој што ќе биде информирана македонската јавност.

    Второ, финаниските институции на власта да го проверат финансирањето на дел од овие здруженија и внесот на странски пари и многу битно потеклото на тие пати со кои што овие здруженија во државата тераат антимакедонска политика.

    Трета работа која што ја бараме, државата, поточно владата на Ковачевски и Бујар Османи како премиер и министер за надворешни работи да се заинтересираат за делувањето, целта и постоењето на бугарско здружение во Корча, соседна Албанија каде што во целата област живее мнозинско македонско население. Зошто досега не се побарани одговори за ова нити од Еди Рама, нити од властите во Албанија на кои начин дозволуваат да се негира постоењето на македонското национално малцинство во Албанија кое што таму живее со векови.

    Четврто, владата досега нема ниту една посериозна реакција во однос на било кое отворено негирање на македонската нација, историја и јазик. Затоа постојат македонски институции и тие мора да се спротивстават на отворената кампања против Македонија.

    Петто, бараме Македонската влада да побара доследно спроведување на пресудите добиени во судот за човекови права во Стразбур во насока на заштита и признавање на засебноста на Македонците во Бугарија, нивното право на здружување, нивното право на учество на избори, нивното право на образование на мајчин јазик како и нивното право на национално определување како Македонци. Должност е на Македонија да се грижи со сета сила и аргументи за правото на сите Македонци каде и да се наоѓаат“.

    Николоски праша и зошто ќе се чека до 4 февруари за да се знае кој ќе биде прогласен персона нон-грата.

    „Денес има целосно дезориентирана влада. Влада која нема одговорено соодветно на ниту една единствена провокација од Бугарија, влада која што молчи и влада која што поткленува на сите притисоци. Не се доволни оние неуверливи изјави дека ја согледале ситуацијата и знаеле дека ова било резултат на некакви си странски структури и служби. Ако е така тогаш нека кажат кои се тие странски структури и служби и што превземаат за да го  санкционираат тоа. Зошто дури до 4-ти февруари ќе се чека да се види дали и кој воопшто ќе биде прогласен за персона нон грата односно нема да му биде дозволено да влезе во Македонија и зошто се чека до 4ти февруари за да не се стави крај на овој негаторски однос и негаторски изјави од Бугарија“, се вели во партиското соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img