More

    Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Спасовски кривично да одговара зашто ги стави граѓаните во „државен притвор”

    spot_img

    Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДСМ, обвинува во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

    „Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти. Ова им го кажуваат и медиумите, и правниците и граѓаните, само тие се обидуваат вината да ја пренесат на ВМРО-ДПМНЕ, на народот или на короната“, се наведува во соопштението.

    ВМРО- ДПМНЕ смета дека  Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.

    „Излезот од овој ќорсокак во кој не доведоа ДУИ и СДСМ е да се промени законот за патни исправи на истиот начин на кој се направи тоа со законот за безбедност во сообраќајот. Талат Џафери нека не се прави Ајнштајн за право и нека не им попува на правниците, затоа што тој не е правник, туку дезертер. Вака лошо во Македонија никогаш не било, како сега со ДУИ и СДСМ. Тоа граѓаните го чувствуваат на свој грб и затоа треба да ги поразиме“м се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img