Шуплива одбрана на неодбранливото – Џафери ги прекрши законите и Уставот со отфрлање на иницијативата за референдум, тоа се фактите, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата не сака да спроведе референдум за да не потроши пари, а во исто време не ѝ беше проблем што троши 400.000 евра за вински фестивал. Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор. Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека „антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија“.