Од викендов се вклучува шатл-автобус за посетителите

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Снегот веќе пристигна на Попова Шапка, а официјално зимската сезона во овој ски-центар почна минатиот викенд, но веднаш ги покажа првите проблеми со паркирањето. Граѓани кои се обидоа да стигнат до центарот имаа мака каде да ги паркираат автомобилите за да можат да уживаат на снегот. Сега агенциите се обидуваат да најдат алетернативни решенија.

Од овој викенд „Елем Турс“ на Попова Шапка воведува редовен шатл-автобус од „Сидол Камен“ до главниот паркинг на ски-центарот. Автобусот ќе сообраќа за време на викендите со цел да го намали закочувањето на пристапот на посетителите до ски-центарот.

– Паркирањето е горлива тема за овој ски-центар. Изминативе две години тоа го решаваме со воведување шатл-автобус, од местото наречено „Сидол Камен“ до главниот паркинг на Ски-центарот. На тој начин значително се олеснува турканиците и се овозможува избегнување на сообраќајниот метеж и застој во сообраќајот. Така ќе биде и оваа сезона. Од овој викенд го пуштаме редовниот шатл за викендите. Со оглед на тоа дека имаме планирано и музичка програма, не само скијање, очекуваме голем број посетители – вели управителот на „Елем Турс“ Адем Авзиу.

Љубителите на скијањето и планинарењето велат дека, кога има снег на Попова Шапка, сè е добро, но општината, државата и „Елем Турс“ треба да бидат поактивни во решавањето на проблемот со паркинзите поради кој тешко се стигнува до ски-центарот и терените, посебно за време на викендите.

– Иако се смета дека нема места за паркирање, сепак на Попова Шапка има места каде што може да се отворат повеќе паркинзи. Не теба да се чека на инвестиорот за да се среди проблемот. Доволно е општината „Македонија пат“ и „Елем Турс“ да се договорат околу тоа каде е најдобро да се направат паркинзи. Значи, не треба да се чека да дојде инвеститор за да направи паркинзи во овој ски-центар. Потребна е волја тоа да се направи. Шапка, кога има снег, е доволна за сите што сакаат да се скијаат рекреативно и за скијање во длабок снег. Снегот е квалитетен, а организацијата и подготовката на патеките е во надлежност на „Елем Турс“ – вели Јован Божиноски, претседател на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово.

Управителот на „Елем Турс“ очекува голем број посетители и покрај задоцнетата сезона. Речиси секоја година, овој ски-центар го посетуваат домашни скијачи, но има и гости од регионот.

– Од официјалниот почеток на оваа зимска сезона на 22. јануари, малку подоцна поради задоцнетите врнежи од снег, и покрај тоа што зимскиот распуст заврши, можеме да кажеме дека огромен е интересот за скијање. Особено што оваа година сите со нетрпение го очекуваа снегот, и сега некако се чини дека сите едвај чекаа да се создадат услови за скијање и како сите да се овде, на Попова Шапка. Општиот впечаток е дека се исполнети и хотелските капацитети, особено за викендите кога секогаш се бара сместување повеќе – вели тој.

Неодамна овој центар, преку јавно приватно партнерство, го презеде италијанскиот конзорциум „Техно Алпин“ од Болцано, кој е специјализиран за производство и инсталирање на системи за вештачки снег. Тој планира да го реновира и ќе го развива ски-центарот со инвестиција од 186 милиони евра. Во рамки на проектот што ѝ беше понуден на владата за добивање концесија, компанијата планира да постави систем за правење снег, да се прошири скијачката зона со нови објекти и патеки, но и да се реновираат и прошират хотелите и да се изградат нови хотелски капацитети.

– Со влезот на новиот инвеститор во ски-центарот се очекува создавање многу подобри услови, пред сè во инфраструктурата на ски–центарот, како што се ски-лифтовите и жичниците, потоа во обезбедување паркинзи како и изградба на нови и обновување на старите сместувачки капацитети. Со еден збор, со доаѓањето на новиот инвеститор очекуваме Попова Шапка со право да го добие местото на светската туристичка мапа на ски-центри – појаснува Абази.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article