Почнувајќи од денеска во 20 часот премиерно, на малите екрани на телевизија Телма ќе се емитува ТВ серија посветена на животот на Коста Солев Рацин „Црвениот поет“ во продукција на „Сектор филм“ од Скопје.
Серијата зборува за љубовта и борбата на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин за својата земја и за својот мајчин јазик.
Црвениот поет е телевизиска серија за животот и делото на Коста Рацин, еден од великаните на македонската поезија од дваесеттиот век, еден од најреволуционерните патриоти и еден од најромантичните уметници што ги дала нашата земја. Сценарист и креатор на серијата е Сашко Насев, а режисер е Никола Поповски.