Од утре продолжуваат консултациите за референдумот со коалициските партнери, да видиме кој е нивниот став. Многу скоро ќе излеземе со конкретна позиција, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Внатрепартиската дебата ќе продолжи утре, во вторник, среда, така што многу скоро од денеска ќе имаме позиција. Нема што повеќе да додадам освен да го завршиме процесот и да излеземе со конечен став пред граѓаните – дали ќе одиме со 150 000 потписи или со пратениците, имајќи предвид дека континуирано се сее притисок од власта дека некој се двоумел, а не сакаме да ги изложуваме толку граѓаните пред оваа хибридна и режимска власт па може ќе се одлучиме да одиме со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да го поднесеат рефернедумот – изјави Мицкоски во Љубанци по пуштањето во употреба на ново спортско игралиште.