More

    Од утре помалку дожд и повисоки температури

    spot_img

    Времето од утре ќе се стабилизира, а брз ќе биде и порастот на дневните температури, освен во вторник кога во попладневните часови се очекува локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

    Денеска ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за изолирана појава на град. Наместа ќе наврне поголема количина на воден талог. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе биде до 28 степени.

    Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img