Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати.
Согласно новата одлука на РКЕ, поскапуваат сите горива. За еден денар поскапува ЕУРОСУПЕР БС-98, за 1,5 денари ќе се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР БС-95. За два денари од полноќ поскапуваат дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.
Ова се новите цени на горивата:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,173 (денари/килограм).