Од утре до недела да се заштитат пчелите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена на подрачјето на метрополата ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци.

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре (22.06.2022 година, среда) до сабота (25.06.2022 година), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива на 25.06.2022 година (сабота) и на 26.06.2022 година (недела), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Share This Article