Од УНИЦЕФ апелираат за мерки за справување со топлотниот стрес

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Образовните установи во Македонија да се подготват за топлотните шокови за да се избегне затворање на училиштата или продолжување на летниот распуст поради екстремните температури, а наставниците и родителите да се оспособат за одговор на топлотниот стрес, порачува УНИЦЕФ.

Во најновата анализа, УНИЦЕФ укажува и дека постои потреба да се инвестира во ажуриран здравствен акциски план за справување со високите температури, како и во примарната здравствена заштита, за да се обезбеди адекватна поддршка на превенцијата, раниот одговор, дијагнозата и третманот на болестите кај децата, предизвикани од топлина.

Планот треба да даде приоритет на најранливите деца, меѓу кои оние што живеат во сиромаштија, во супстандардни услови на домување, со попреченост и децата што живеат и работат на улица.

Според УНИЦЕФ, земајќи предвид дека е поголема веројатноста семејствата со пониски примања да се соочат со поголем ризик од изложеност на топлина и да имаат намален капацитет за справување со неа, како и дека топлотните бранови ја засегаат и семејната егзистенција, постои потреба од поширок национален одговор за да се разбере социо-економското влијание на топлотните бранови и да се воведат социјални интервенции – како што се парична помош и социјални услуги за ранливите домаќинства, за да им се помогне на семејствата да се справат со социо-економските ефекти од екстремните горештини.

Според УНИЦЕФ, иако во Македонија топлината не е главен  фактор што придонесува за смртност на доенчињата, изложеноста на чести топлотни бранови е загрижувачка.

Оттаму налагаат националните климатско-еколошки политики континуирано да ги земаат предвид децата и младите.

„Треба да се размисли за адаптирање на предучилишните и образовните установи и оспособување на наставниците и родителите да одговорат на топлотниот стрес.

Адаптацијата на училиштата често се превидува зашто топлотните бранови најчесто се појавуваат за време на летниот распуст.

Но, бидејќи климатските промени водат до почести топлотни бранови и периоди на високи температури и на крајот од пролетта и на почетокот од есента, образовните установи треба да се подготват за топлотните шокови, за да се избегне затворање на училиштата или продолжување на летниот распуст поради екстремните температури“, стои во анализата.

- Advertisement -
Ad image

Истражувањето опфаќа податоци од 23 земји, а покажува дека сè поголемите горештини во Европа и Централна Азија убиваат речиси 400 деца годишно. Во 2021 година како последица на сè повисоките температури, починале околу 377 деца.

„Околу половина од децата низ Европа и Централна Азија или 92 милиони деца, веќе се изложени на чести топлотни бранови во регион каде што температурите растат со најбрзо темпо во светот.

Сè повисоките температури може да предизвикаат сериозни здравствени компликации кај децата, особено кај најмалите, дури и за кратко време.

- Advertisement -
Ad image

Без соодветна нега, ваквите компликации може да бидат опасни по живот“, рече Регина Де Доминисис, регионална директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.

Изложеноста на топлина има акутни ефекти врз децата, дури и пред да се родат, па може да доведе до предвремено породување, мала тежина при раѓање, мртвороденче и вродени аномалии. Топлотниот удар претставува директна причина за смртност кај доенчињата, може да го засегне нивниот раст и да предизвика низа педијатриски заболувања.

Исто така, во извештајот се забележува дека екстремните горештини предизвикале загуба на над 32 000 години здрав живот кај децата и тинејџерите во регионот, наведува УНИЦЕФ.

Бидејќи температурите и натаму растат, УНИЦЕФ ги повикува владите низ Европа и Централна Азија да интегрираат стратегии за намалување на ефектот од топлотните бранови преку Националните утврдени придонеси, Националните планови за адаптација и политиките за намалување на ризикот од катастрофи и за контрола на катастрофи, при што децата треба да бидат во центарот на овие планови, да инвестираат во здравствени акциски планови за справување со екстремни температури и во примарната здравствена заштита за обезбедување посоодветна поддршка при болести предизвикани од топлина кај децата, да инвестираат во системи за рано предупредување, каде што спаѓаат и системи за предупредување при топлотни бранови, да ги адаптираат образовните установи за да се намалат температурите во просторот каде што учат децата и да ги подготват наставниците како да постапуваат кога има топлотен бран.

Исто така, се препорачува да ги приспособат урбанистичкото планирање и инфраструктурата, како и да обезбедат опременост на зградите, посебно на оние во кои се сместени најранливите заедници, за да се минимизира изложеноста на топлина, како и да се обезбеди снабдување со чиста вода, особено во земјите каде што квалитетот и достапноста на водата се влошуваат.

„УНИЦЕФ работи со владите, партнерите и заедниците од целиот регион за да изгради отпорност против топлотните бранови. Ова значи оспособување на наставниците, здравствените работници во заедницата и семејствата со вештини и знаења за да реагираат на топлотниот стрес“, подвлекува УНИЦЕФ.

Фото: Freepik

Share This Article