Украинката Маријана Почтар и нејзиниот сопруг Алексиј од Киев се основачи на проектот „Vudu Orcs“, преку кој собираат пари за помош за украинската армија. Но, тоа го прават на прилично морбиден начин.
Тие користат искористени руски воени униформи од ранети и заробени руски војници на фронтот и од нив прават вуду кукли. Куклите прикажуваат осакатени руски војници. Руските униформи ги добиваат од колеги и пријатели кои работат или служат во близина на линијата на фронтот.
Куклите што ги прават често немаат нозе, раце или очи, некои од нив имаат „разнесени“ стомаци, на други им се извадени црева… И тие фигури ги продаваат за да соберат пари за помош на украинската армија.
Куклите се продаваат онлајн преку страницата на Инстаграм наречена OrkVoodoo.
„Рачно изработени вуду кукли „Орк““ – пишува на страницата.