Од ЈП „Паркови и зеленило“ упатија апел до жителите на Скопје денеска да избегнуваат да ги паркираат своите автомобили под дрвја за ако паднат гранки да не ги оштетат возилата поради предупредувањето кое го издаде УХМР дека се очекуваат ветрови со силина од над 60 километри на час.
– По добиена информација од УХМР дека под влијание на студена воздушна маса од север, која денес го зафати подрачјето на град Скопје со повремени врнежи од дожд, при што во текот на денот ќе започне да дува засилен ветер од североисточен правец кој локално ќе достигне брзина до 60 км/час, ги молиме граѓаните да не ги паркираат своите возила под високи дрвја, со цел да се избегнат несакани последици – соопштија од ЈП „Паркови и зеленило“.
Оттаму додаваат доколку граѓаните забележат паднато дрво истото да го пријават во ЦУК на телефонскиот број 195 или во претпријатието на телефонскиот број даден на нивната веб страна.