More

    Од Софија се испраќаат различни сигнали, ние ултиматум не прифаќаме

    spot_img

    Бугарските политичари сакаат да ја вовлечат темата Македонија во нивната предизборна кампања. Многу пати сум кажал дека нема да бидеме наивни и да влегуваме во такви стапици. Имаме наш интерес и наша цел и сакаме да чекориме цврсто, вели премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го вчерашното соопштение на бугарското МНР како реакција на неговите претходни изјави.

    Што се однесува до разговорите со нашиот источен сосед, вели Мицкоски, подготвени сме кога сакаат и врз основа на која платформа и план сакаат да седнеме да разговараме и да најдеме решение и да ги почитуваме меѓународните стандарди.

    – Она што беше понудено од претседавачот на ЕУ, Виктор Орбан е во име на претседателствувањето со ЕУ. Сега треба да видиме кој какви сигнали испраќа од Бугарија – едни испраќаат едни, други испраќаат други. Кај нас сигналот е јасен – сакаме достинствено решение, а уцени и ултиматуми не прифаќаме – кажа премиерот одговарајќи на прашања по поставувањето камен темелник на нов објект на терминалот за стоково царинење, со што се означува почетокот од надградбата и реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир..

    Од официјалната бугарска дипломатија вчера порачаа дека процесот на евроинтеграции се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат.

    „Единствена гаранција за успех е исполнувањето на поставените критериуми и услови, се наведува во ставот“, пренесуваат бугарските медиуми.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој дента кога од Брисел стигна веста за одвојувањето на Тирана и Скопје во преговорите со ЕУ, оцени дека ваквиот потег е „историска грешка на квадрат“, а како премиер на земјата која претседава со Унијата, тој се понуди и за посредник меѓу Македонија и Бугарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img