ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја блокира работата на Собранието и да кочи важни закони. Со недолично однесување, со закани за физичко насилство, денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја блокираа седницата и расправата по Предлог Законот за Академија за судии и обвинители“, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека по којзнае кој пат, ВМРО-ДПМНЕ партијата заштитник на криминалот жестоко се спротивставува на процесот на јакнење на судскиот систем во државата.
– Нема закон кој е од интерес на државата, од интерес на граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ да не го кочи и блокира. Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на партијата предводена од Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата. Но ниту една блокада, ниту една закана од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи реформите во судството и градењето силен, независен и ефикасен судски систем кој неселективно се бори против криминалот и корупцијата – реагираат од владејачката партија.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја прекинаа седницата откако требаше да се обрати пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.