More

    Од ректумот му извадиле граната од првата светска војна

    spot_img

    Докторите гледаат многу чудни работи додека се на работа, но одвреме-навреме наидуваат на навистина необичен случај. Така беше и со неодамнешниот инцидент во една француска болница, кога дури мораа да ја евакуираат брзата помош поради опасен предмет пронајден кај пациент. Тие всушност од постариот господин извадиле граната од времето на Првата светска војна.

    Во саботата вечерта околу 21 часот, 88-годишен граѓанин дошол да побара помош во болницата Сент Мус во Тулон. За време на приемот, лекарите откриле дека во неговиот ректум била заглавена артилериска граната од Првата светска војна. Управата на болницата веднаш наредила евакуација на одделението за итни случаи на болницата, а сите итни пациенти биле пренасочени на друго место.

    – Моравме да ги преземеме сите мерки на претпазливост – велат од болницата. Биле повикани и припадници на полицијата од единицата за експлозиви, кои по прегледот на мажот заклучиле дека нема голема веројатност во човекот да експлодирала стара експлозивна направа.

    – Нѐ уверија дека се работи за колекционерски предмет од Првата светска војна, кој своевремено го користела француската армија – соопштија од болницата.

    – Јаболко, манго или дури и крем за бричење, многу пати веќе имаме најдено необични предмети каде што не треба. Но граната? Оваа уште не – рекол еден од лекарите, пренесуваат француските медиуми.

    Лекарите извршиле операција низ абдоминалната празнина за да го извадат металниот предмет на пациентот, чија должина изнесувала дури 20 сантиметри и ширина од пет сантиметри. Како се заглавила гранатата во ректумот е оставено на имагинацијата… Од болницата рекоа само дека пациентот сега е добро и дека очекуваат целосно да закрепне по операцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img