Студентите кои ги исполниле условите за субвенциониран оброк од понеделник, со стартот на новата академска година, ќе може да го користат ваквата поволност, информираат од МОН.
Од ресорното министерство потсетија дека оваа година износот ќе изнесува 140 денари, ќе се исплаќа на дневна основа, а средствата ќе може да се трошат во маркети, ресторани, пекарници и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
МОН потсетува дека можноста за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои досега поради какви било причини не го оствариле ова право, останува отворена секој нареден месец, од први до седми во месецот, а аплицирањето се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.