Од понеделник се расипува времето

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.

„Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. За време на викендов ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пониски утрински температури. Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа ќе има стабилизирање на времето“, наведено е во соопштението.

Прогноза за 30.07.2023

Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Прогноза за 31.07.2023

Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Од пладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 01.08.2023

- Advertisement -
Ad image

Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 29°C до 37°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Share This Article