Екстра лесното масло за домаќинствата поскапува за 2 денара и од ноќеска на полноќ литар ќе чини 75,7 денари, а нема промени на цените на бензините, дизелот и мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Цената на литар бензин од 95 октани останува 81,5 денари, на оној од 98 октани 83,5 денари, додека дизелот ќе се продава по непроменета цена од 76 денари. Цената на килограм мазут останува 41,266 денари.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 27.минатиот месец.