Министерството за здравство на Украина соопшти дека од почетокот на руската инвазија на Украина, најмалку 18 се убиени, а повеќе од 50 медицински работници се ранети.
Министерството на социјалната мрежа Фејсбук соопшти и дека речиси 900 медицински установи се оштетени или уништени, пренесе Радио Слободна Европа.
Уништени се 123 медицински објекти, а поднесени се уште 746 барања за реконструкција, се вели во огласот.