More

    Од планирани 631 инспекциски надзор, Државниот инспекторат за животна средина во првиот квартал од оваа година, односно од 1 јануари до 30 април годинава реализирал 738 инспекциски надзори, од кои 518 редовни, 89 вонредни и 131 контролни

    spot_img

    Од планирани 631 инспекциски надзор, Државниот инспекторат за животна средина во првиот квартал од оваа година, односно од 1 јануари до 30 април годинава реализирал 738 инспекциски надзори, од кои 518 редовни, 89 вонредни и 131 контролни.

    Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски денеска информира дека планот на Инспекторатот за првиот квартал е надминат за 16,9%. Тој рече дека се изготвени 169 решенија во инспекциска постапка.

    – Од 17 прекршочни санкции иницирани се над 300.000 евра во денарска противвредност и тоа 180.000 евра за Цементарница УСЈЕ, 110.000 евра за „Пејпермил, 10.000 евра за фабрика за марихуана во Вевчани, потоа платни налози со порамнување за физички лица за отпад, како и останати предмети по пат на спогодување – рече Стојковски.

    Во овој прв квартал од годината, оформени се неколку предмети по покренати инспекциски постапки – за Цементарницата УСЈЕ во кое спогодувањето било неуспешно па во тек е судска постапка, за „Пејпермил“ Кочани, ЈКП Куманово и ЈКП Прилеп, за фабриката за марихуана во Вевчани, САНС АГ, „Визијана“ и „Бонум“ во Старо Нагоричане.

    -ДИЖС ќе координира со нов ЕУ Твининг проект кој е одобрен на почетокот на 2022 година од страна на делегацијата на ЕУ и во тек е одобрувањето на проектниот документ кој од Министерството за финансии е веќе испратен до Делегацијата на ЕУ во Скопје на финална контрола и одобрување по што ќе биде објавен јавен конкурс, а се очекува проектот да започне до крајот на 2023 година. Проектот ќе трае 27 месеци, а вредноста изнесува 1 милион евра. Во рамки на Проектот ќе се изработат стратешки документи и подзаконски  акти кои произлегуваат како обврска од новиот Закон за инспекциски надзор во животната средина – рече Стојковски.

    Тој информира дека во првите четири месеци од 2023 година остварена е непосредна комуникација со граѓаните по пат на достапните начини на комуникација – преку месинџер остварени се 7 комуникации, од кои две претставки се однесувале на предмети од надлежност на ДИЖС. Преку е-пошта поднесени четири претставки, од кои една се однесува на Инспекторатот и преку веб-пријави поднесени 30 претставки, од кои 7 претставки  се однесувале на предмети за кои е надлежен ДИЖС.

    Како што посочи, во текот на првите четири месеци од оваа година ДИЖС примала 6 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и сите  се одговорени целосно во законскиот рок, без дополнување на одговорите, односно жалба по истите до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img