Од петок стапуваат во сила измените и дополнувањата на законот за акцизите кои се зголемени за цигарите, пурите и цигарилосите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од петок стапуваат во сила измените и дополнувањата на законот за акцизите кои се зголемени за цигарите, пурите и цигарилосите. За цигарите акцизата ќе изнесува 9% од малопродажната цена по кутија.

За пурите акцизата ќе изнесува 21,73 денари по парче и 9% од малопродажната цена, додека за цигарилосите 10 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

Увозниците на цигари и пури се жалат дека со овие промени се дестимулирало работењето, и се стимулира шверцот, и тврдат дека владите никогаш со нив не се консултираат пред да носат вакви одлуки.

Од друга страна, акцизата за цигари во Македонија е меѓу најниските во Европа, а цената на цигарите и пурите е далеку пониска отколку во европските земји и регионот.

Share This Article