Од ноември на оваа српска релација ќе се патува за 40 минути

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директор на „Железничка инфраструктура на Србија“ Јелена Танасковиќ, изјави дека се тестира  брзата линија Нови Сад – Суботица.

– Првото возење започна во вторник – со брзина од 50 километри на час и се очекува веќе утре да се постигне брзина од 200 километри на час. Се надеваме дека оваа делница ќе ја отвориме за сообраќај до крајот на ноември, односно до крајот на годината – рече Танасковиќ во изјава за РТС.

Тестирањето ќе трае до 10 октомври, а го изведува германската национална компанија „Дојче Бан“.

Танасковиќ рече и дека патувањето од нови сад до Суботица ќе трае 41 минута, додека од Белград до Суботица ќе се стига за 76 минути.

Сега од Белград до Суботица се патува за 4.37 часа.

Share This Article