До сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер, соопшти УХМР.
Утре ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а во сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, наместа пообилни. Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.