More

    Од НАТО земјите ќе се бара повеќе да одвојуваат за буџетот на Алијансатса

    spot_img

    Целта на земјите од НАТО за издвојување два отсто од БДП за одбрана, веќе не изгледа како плафон, туку на просечна вредност, изјави денеска заменик-генералниот секретар на алијансата, Мирчеа Џоана на отворањето на дводневната средба на началниците на одбраните на земјите од Алијансата во Брисел.

    – Потценувањето на Русија е опасно, рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долга војна и нема знаци дека неговите цели се сменети, рече тој. Оваа година ќе биде тешка, мора да ја поддржуваме Украина се додека е потребно, додаде Џоана. Според него, рускиот претседател ги потценил можностите и храброста на Украинците, нивните вооружени сили и украинското раководство, како и реакцијата на земјите од Алијансата.

    Џоана истакна дека силите на НАТО распоредени на источното крило се очекува да се прошират до ниво на бригади. Тој ги повика земјите од алијансата да го зголемат производството на муниција за свои потреби и за поддршка на Киев.

    – Милиони луѓе ширум светот страдаат поради војната во Украина, истакна претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер. Сè што правиме е за заштита на една милијарда граѓани на земјите од Алијансата, во одбрана на меѓународниот поредок. Ќе разговараме како да ја подобриме подготвеноста на нашите сили, додаде тој по повод дводневниот состанок на началниците на одбраната.

    Според него, со очекуваното скорешно пристапување на Шведска и Финска во НАТО, војската од пактот ќе брои 3,5 милиони луѓе. – Војната во Украина може да заврши денеска доколку Путин одлучи. Додека тоа не се случи, нашата поддршка за Украина ќе продолжи, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img