Од МНР велат дека Горан Цеков не е повлечен поради секс-скандал

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повлекувањето на досегашниот македонски амбасадор во Јапонија, Горан Цеков, било спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури, велат од МНР.

„Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници. Со пласирањето шпекулации и непроверени наводи кои не се потврдени, се нанесува лична штета кон човекот, кон неговото семејство, и неговите блиски; со ова однесување ВМРО-ДПМНЕ не само што го изгуби човечкиот компас, туку и директно ѝ нанесува штета на дипломатијата и на односите со пријателска земја како што е Јапонија“, соопшти МНР.

Скандалот се случи откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.

Случајот прв го објави порталот Експрес, а потоа и претседателот на Комисијата за надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување, поднесени од една македонска дипломатка, и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада.

Share This Article