Од Либан се истрелани 50 проектили кон Израел

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелската армија соопшти дека утринава биле истрелани повеќе од 50 проектили кон северен Израел од Либан каде што во последните денови прекуграничните борби против исламистичкото проиранско движење Хезболах стануваат поинтензивни.

Повеќето од тие проектили од правец на Либан беа пресретнати, а неколку оштетија згради.

Израел во текот на ноќта изврши нови напади врз цели на Хезболах во Либан, по вчерашниот бомбашки напад во кој загинаа речиси 500 луѓе.

Во понеделникот загинаа 492 лица, од кои 35 деца и 58 жени, а 1.645 беа ранети, соопшти либанското Министерство за здравство.

Израелската војска објави за „голем број“ членови на Хезболах се убиени во Појасот Газа, движењето кое го поддржува палестинскиот Хамас во неговата војна против Израел.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека утринава од Либан биле истрелани повеќе од 65 ракети кон северен Израел. ИДФ наведува дека околу 10 ракети биле истрелани на области источно од градот Хаифа и дека неколку проектили биле пресретнати од израелските воздухопловни сили, пишува Тајмс оф Израел.

Пет ракети се лансирани кон цели во долината Џезраил, од кои некои се пресретнати, додека, пак, останатите погодиле ненаселени области и нема повредени. Околу 50 ракети се истрелани врз областа Кирјат Шмона, а ИДФ соопшти дека некои од нив биле пресретнати, додека, пак, други го погодиле градот и предизвикале штета, но нема повредени.

Овие напади се случија откако во раните утрински часови беа истрелани 2 ракети кон Нахарија, а 20 ракети беа истрелани во текот на ноќта кон долината Џезраил во Израел.

Share This Article