More

    Од кога тоа купувањето акции и исплатата на дивиденда се кривично дело?

    spot_img

    На второто рочиште на случајот „Империја“ денеска се докажа тоа што одбраната на Цветан Панделески го укажува постојано – дека Јавното обвинителство и обвинителката Лиле Стефанова и по втората група сведоци и изведување на доказен материјал не успеваат да докажат дека е сторена штета на државата на каков било начин од страна на нашиот клиент, тврди одбраната на обвиентиот.

    „Ова е случај на класичен пример на недозволена правна конструкција. Како одбрана на Цветан Панделески, сметаме дека е неосновано наводното обвинението за нашиот клиент за наводна измама што не може да се види и во диспозитивот каде нема противправно дејствие направено од страна на Панделески.

    Јавно прашуваме уште еднаш, што е незаконски и како е оштетена државата за ЈО да го гони Панделески:

    1. Од кога купувањето на акции е кривично дело во Македонија?
    2. Дали исплата на средства добиени со продажба на акции како дивиденда во Македонија е кривично дело (трансакции извршени легално преку сметки преку платен промет), а не редовно финансиско работење?
    3. Обвинението за злоупотреба на службена положба исто така е неосновано, односно на кого е направена материјална штета според ЈО?
    4. Обвинението за перење пари најверојатно ниту ЈО не го разбира, бидејќи во истото Панделевски не се ни спомнува!“

    Одбраната на Панделески тврди дека второ рочиште по ред Јавното обвинителство нема изведено ниту еден доказ дека на државата на некој начин ѝ е нанесена материјална штета.

    „Оттаму, нејасно е упорноста со која се води процесот против Цветан Панделевски“, велат неговите бранители.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img