More

    Од како Ковачевски упати закани кон новинарите,ВМРО ДПМНЕ со порака до ЕУ и меѓународните фактори -„мора да реагираат на ова заплашување“!

    spot_img

    Изразуваме најостра осуда и згрозеност од изјавите на Ковачевски за медиумите кои комплетно можат да се дефинираат како најава за цензура и закани за сите медиуми во Македонија. Кога Ковачевски им упатува порака на медиумите дека повторно „ќе квицкаат по подруми“ е незапаметен атак врз слободата на медиумите – изјави денеска на прес конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

    Лефков притоа ја цитираше изјавата на Ковачевски:

    „Национални телевизии во најголем број веќе не потсетуваат како изгледа 2006 година така и овие не потсетија, и затоа од тука сакам да им порачам: Џабе фатиле страна, пак ќе квицкаат по некој подруми.

    Е тоа ви е кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија, а они самите се продале, они уште сега се продаваат, пошто вика биткоин се купува кога е најевтин и затоа сега таму се тргнати и ова мора да го кажам, па утре нека се лутат, ќе пушти ЗНМ ќе се јават да се извиниме, ќе се извиниме“.

    Лефков потоа потсети и на малку постари изјави на Ковачвески, во кои тој, од позиција на претседател на владаго правдаше Ахмети кој нападна две национални телевизии:

    „Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира непријателите на Албанците, тие аплаудираат, Алфа, Телма, Мелма тоа се тие, кажа тогаш Али Ахмети, на што Ковачевски се надоврза и го поддржа:

    „Во државата има медиум, чијашто уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација“.

    – Димитар Ковачевски упатува директни закани кон медиумите и новинарите. Неговите закани се со цел да се заплашат новинарите и да влијае на нивното известување. Воедно ја повикуваме и Делегацијата на ЕУ, сите меѓународни организации и претставници на меѓународната заедница да реагираат на ваквиот чин, затоа што ВМРО-ДПМНЕ вистински се грижи за слободата на изразување, слободата на говор и слободата на медиумите, а ваквите показатели не сакаме да бидат нотирани во идниот Извештај на ЕК само затоа што еден неумесен политичар во заминување решил да го руши реномето на Македонија – рече Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img