More

    Од кабинетот на Орбан велат дека налогот на МКС не важи во земјата

    spot_img

    Унгарија не би го уапсила рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, појаснувајќи дека за тоа нема правна основа, пренесува Ројтерс.

    – Можеме да се повикаме на унгарскиот закон и врз основа на тоа не можеме да го уапсиме рускиот претседател бидејќи статутот на МКС не стапил на сила во Унгарија – рече Гергели Гуљас.

    Според Гуљас тоа е затоа што Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг не е инкорпориран во унгарскиот правен систем.

    Па сепак, Унгарија го има потпишано и го ратификуваше Римскиот статут за основање на МКС. Тој суд во петокот издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина.

    Гуљас инсистира и на тоа дека унгарската влада не зазела став за налогот за апсење на Путин.

    – Ваквите одлуки не се најсреќни бидејќи придонесуваат за понатамошна ескалација на конфликтот, а не за мир. Тоа е мое мислење – додаде тој.

    Путин е третиот претседател против кого МКС воопшто има издадено налог за апсење откако судот постои.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img