Од ЈСП „Скопје“ не добиле пари за нафта за 4 месеци

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Се крчка нов штрајк на приватните превозници, бидејќи, како што дознава Плусинфо, Јавното претпријатие „Скопје“ веќе четири месеци врши исплатата според договорената динамика, а доцни и авансот. Поради тоа, дел од нив веќе ги паркираат автобусите.

Сопственик на приватен автобус, во неформален разговор за Плусинфо, се жали дека повторно е закочена исплатата и дека веќе цели 4 месеци не им е исплатен ниту 1 денар на сметката. Чекајќи пари, принуден е да молчи, но веќе му е доста.

– Јас сум сопственик на приватен автобус и можам да кажам дека повторно започнаа проблемите со исплатата на парите од страна на ЈСП. Веќе доцнат повеќе од 4 месеци, а никој не ни кажува што е проблемот. Ова е неприфатливо и неодговорно од ЈСП. Ние сме во многу тешка финансиска ситуација поради ова донење. Имаме трошоци за гориво, за сервис на возилата, за осигурување, за плати за возачите и на другигте работници. Не можеме да работиме без пари. Не можеме да ги задоволиме ниту своите потреби, ниту потребите на патниците, кои заслужуваат квалитетен и безбеден превоз – вели тој.

Нашиот извор, кој сакаше да остане анонимен, вели дека приватниците се постојано под закани и дека може да ја загуби линијата што ја има добиено. Но, тој и неговите колеги упорно чекаат ЈСП да им ги исплати сите пари што е можно поскоро.

– Ако не го направат тоа, ние ќе бидеме принудени да престанеме со работа и повторно да штрајкуваме. Навистина не сакаме да дојде до тоа, бидејќи тоа би значело уште поголем хаос и незадоволство во јавниот превоз. Сакаме да работиме во партнерство со ЈСП „Скопје“ и да обезбедиме добар сервис за граѓаните, но за тоа треба да имаме фер и редовна исплата – ни изјави тој.

Членот на новото координативно тело на приватните превозници Јовица Зафировски за Плусинфо вели дека динамиката на исплаќање се одвива според договореното.

– Јас немам никаква информација за такво нешто, кај мене динамиката на исплаќање се одвива во најдобар ред. За повеќе информации обратете се во ЈСП „Скопје“ и во Град Скопје“ – ни рече кратко Зафировски.

Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз, поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и во почетокот на декември, со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град. Во меѓувреме, градските власти ги отфрлаа наводите дека им должат пари, но инспекцискиот надзор покажа дека Град Скопје не е во право.

Во декември Градот објави два јавни повика за вкупно пет линии, но тие повици пропаднаа затоа што никој не се пријави.

- Advertisement -
Ad image

Приватните автобуски превозници во март оваа година објавија дека повторно ќе бидат дел од јавниот превоз во главниот град, откако се договориле со градоначалничката Арсовска да им го исплати долгот од 1,5 милиони евра, за кој таа тврдеше дека е резултат на криминал на превозниците и дека станува збор за доспеани обврски.

Во април на веб-страницата на Градот беше објавен трет нов оглас, со идентични услови како и претходниот. Се бараа превозници за линиите со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 47А, 52, 54, 55, 61, 63 и 73. За овие линии беа потребни 115 автобуси и 245 возачи. Огласот беше отворен до 24 април.

По неколкумесечни натегања кон крајот на мај приватните автобуски превозници конечно се вклучија во сообраќај, со што се зголеми бројот на возила во јавниот градски превоз.

- Advertisement -
Ad image

– Со враќањето на приватните превозници во сообраќај очекуваме да се намали метежот во Скопје, а воедно граѓаните повеќе нема да чекаат со часови на автобуските постојки – изјавија тогаш од Град Скопје.

Оттаму тогаш информираа градоначалничката Арсовска ги потпишала решенијата по огласот за доделување пакет-линии за вклучување на приватните превозници во јавниот градскиот превоз.

Share This Article