Од исчезнатата подморница „Титан“ се слушаат звуци на тресок, откривaат е-мајлови кои биле пратени од оперативниот центар на Управата за национална безбедност

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од исчезнатата подморница „Титан“ се слушаат звуци на тресок, откривaат е-мајлови кои биле пратени од оперативниот центар на Управата за национална безбедност, а до кои тврди дека дошол Ролинг Стоун. Си-Ен-Ен ја пренесоа оваа вест, но не можеле самостојно да ја потврдат.

Ролинг Стоун тврди дека канадски авион, еден од оние кои го извидувале морето ги слушнал овие тресоци во интервали од 30 минути, а коа доаѓало од областа каде подморницата исчезнала.

„Екипите кои трагаа по исчезнатата подморница слушале удари на секои 30 минути во вторникот, а четири часа подоцна, откако беа распоредени дополнителни сонарни уреди, ударот сè уште се слушаше“, пишувало во мејлот.

Адмиралот Џон Маугер, кој ја води потрагата по подморницата, изјавил дека ако подморницата се спуштила дури до Титаник, има само еден процент шанса да биде пронајдена.

– Веројатно ќе има еден процент шанса да бидат спасени доколку бидат пронајдени живи. Ако преживеат, тоа ќе биде како на холивудски филм – рекол тој.

Еден твитерџија постираше слика од тоа како луѓето се стискаат во малата подморница. Таму е тесно.

 

 

„Најдов еден стар пдф-фајл во кој се промовира подморницата „Титан“, поврзана со Титаник. Дијагармот покажува „типична конфигурација на седење“ за пет лица. Само едно лице може да си ги протегне нозете. Ова изгледа како пекол луѓе“, напишал Бен Гудинс и ја постирал сликата.

- Advertisement -
Ad image

Не е јасно кога во вторникот се слушнало удирањето од подморницата „Титан“ и колку долго, врз основа на документот. Последователно ажурирање на белешката испратена во вторникот вечерта сугерираше дека се слушнале повеќе звуци, иако тоа не било опишано како „удирање“.

„Се слушнаа дополнителни акустични повратни информации кои ќе помогнат во векторирањето на површинските средства и исто така ќе укажат на постојана надеж дека има преживеани“, се вели во ажурирањето.

Канадскиот авион P3, исто така, лоцираше бел правоаголен објект во водата, според меморандумот, но друг брод што беше подготвен за истрага беше пренасочен за да помогне во истражувањето на акустичните повратни информации.

- Advertisement -
Ad image

Американската крајбрежна стража издаде мрачно предупредување дека можеби нема да може да ја спаси исчезнатата туристичка подморница, дури и ако биде во состојба да ја пронајде.

Петмината заробени во подморницата имаат уште 70 часа кислород, а времето почна да тече од понеделникот вечерта кога подморницата изгуби контакт со базата.

Share This Article