Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси има уште една година договор со Пари Сен Жермен, а веќе одлучил каде ќе игра од идното лето. Тој нема да се врати во Барселона како што пред неколку дена му предложи татко му Хорхе, туку ќе замине на другиот крај на светот и полека ќе се подготвува за пензија, пренесува Мондо.
Меси ќе стане нов фудбалер на Интер од Мајами , новоформиран американски клуб, објави шпанскиот весник „АС“, кој вообичаено е добро запознаен со случувањата на фудбалскиот пазар.
Претходно се споменуваше дека Меси би можел да игра во МЛС лигата, во клубот на Дејвид Бекам , а сега се знае зошто толку сака да игра за Интер Мајами. Меси штотуку купи 35 отсто од акциите на клубот и ќе се приклучи на оваа млада франшиза, откако ќе стане слободен агент за една година.
Се очекуваше Меси да биде поамбициозен и да игра во Европа, но се чини дека приоритет му е полека да ги намали сметките во кариерата по Мундијалот во Катар и да оди таму каде што ќе „троши“ помалку. Тој и на 36 години ќе биде убедливо најдобриот играч во САД, па идејата е ова да се искористи за да се заработат дополнителни пари.
Аргентинецот ќе игра „за својот клуб“ и на тој начин ќе си носи пари директно за себе, пред сѐ од маркетинг, бидејќи сите ќе бидат заинтересирани за Интер од Мајами кога ќе пристигне најдобриот фудбалер на сите времиња.
Интер е основан пред четири години и засега е повеќе бренд отколку фудбалски клуб, а моментално го претставуваат играчи како Гонзало Игуаин, Киеран Гибс и Деандре Џедлин, додека тренер е Фил Невил.
Зад Меси е не толку одлична сезона во Париз Сен Жермен. Тој постигна само 11 гола и стигна до титулата во Лига 1.